Два големи пожари беснеат во Прилепско и Мариовско. На потегот кај селата Лопатица, Подмол и Бонче од саботата гори нискостеблеста шума и трева, додека другиот пожар е кај селото Крушеица.

Командирот на прилепската Противпожарна единица, Виктор Стојчески изјави дека попладнево пожарот кај Крушеица е локализиран и оти во гаснењето било вклучено и месното население, додека пожарот на потегот кај селата Лопатица, Подмол и Бонче е непредвидлив поради ветрот.

Постојано имаме екипи на теренот. Сѐ уште се екипите на теренот кај Лопатица и Подмол. Се внимава пожарот да дојде до село, но поради ветрот е непредвидлив, изјави Стојчески.

 

Мештаните аплерираат за помош со хеликоптер за да се изгасне пожарот, велат се шири огнот и куќите се во опасност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.