Полициски службеници, родители и членови на локалниот совет за превенција од Крива Паланка синоќа извршија обиколка на најпосетуваните места во општината каде во ноќните часови се задржуваат младите.
Во координација со локалната самоуправа, меѓуопштински центар за социјална работа, Црвен крст и родители членови на совет на родители при образовните институции,во Полициската станица од општа надлежност се разгледуваше и дискутираше за безбедносната состојба во градот.
Посетивме повеќе јавни места во градот, градскиот парк, објекти на музичко училиште,градинка, гимназија, ОУ „Илинден”, каде во ноќните часови се собираат и задржуваат групи малолетници.Обиколка е направена и на повеќе угостителски објекти во кои се забавуваат малолетни лица и каде најчесто можат да бидат под влијание на пороци, информира Стојмир Стефановски од ПС ОН Крива Паланка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.