Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против А.Д.(35) од Велес за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, против А.М.(35) од Велес за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори и овозможување на употреба на наркотични дроги, и против Д.Р.(30) и Б.З.(29), двајцата од Велес за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.

На 7 декември на улица „Стефан Богоев” во Велес , од страна на полициски службеници, при претрес кај пријавените биле пронајдени хероин, како и мешавина од кофеин, парацетамол и хероин, и кеса и фолија со остатоци од хероин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.