Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска околу 2 часот на излезот на Радовиш.
Настанот го потврди заменик портпаролот на СВР Струмица, Алакесандра Трајанова, која информирала дека од засега непознати причини автомбил марка „Мерцедес“ се забил во оградата на една од бензинските станици, па завршил во таблата со цени на горивата.
Повредените со возило на Итната медицинска помош се пренесени во болницата во Штип, а полицијата извршила увид на местото на несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.