Актуелниот пратеник од политичката партија ДПА, Мендух Тачи доцна синоќа учествувал во вандалски чин во Тетово, велат извори за Слободен печат.
Денес во 01.50 ч. во СВР-Тетово било пријавено дека на ул.„Илинденска“ од страна на неколку лица кои се движеле со патнички моторни возила „Голф“ и „Ауди“ црна боја со затемнети стакла, биле одлепувани плакатите, а во близина на бензиската пумпа на „Макпетрол“ бил и искршен билборд на кој бил истакнат кандидатот за градоначалник од политичката партија Алијанса на Албанците.
По преземените мерки, во непосредна близина од страна на полициска патрола возилата се сопрени и при легитимирањето констатирано е дека во патничкото моторно возило „Ауди“ се наоѓа Мендух Тачи (актуелен пратеник од политичката партија ДПА). По извршената консултација со ЈО лицата веднаш се ослободени, а по преземање на соодветни мерки настанот ќе се процесуира по редовна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.