Нервозен скопјанец го нападнал менаџерот на угостителски објект во Центар, зашто си го затекнал оштетено возилото.
Прет тепачката скопјаните се карале, па караницата прераснала во напад со остар предмет.
На 21.11.2021 во 04.00 часот Н.Г.(37) од Скопје пријавил дека на 20.11.2021 околу 23.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, додека бил на своето работно место како менаџер, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат со остар предмет од страна на И.К. (34) од Скопје.
Менаџерот пријавил дека причина за недоразбирањето било оштетеното возило на И.К. пред објектот.
Како што пријавил Н.Г., потоа на барање на И.К., тој отишол да го викне менаџерот од соседниот угостителски објект.
Но, и И.К. пријавил инцидент. Според неговата пријава околу 22.45 часот во близина на угостителските објекти бил физички нападнат од четири лица кои му го оштетиле и патничкото возило „фолксваген пасат“.
Се работи на расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.