Ноќеска 30-тина минути по полноќ на локалниот пат Мирковци – Сандево, скопско, патничко возило „Рено Меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М. (23) од с. Мирковци, изгубило контрола и излетало надвор од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот Д.Ј. (29). На двајцата им била укажана лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.