Во средата вечер околу 23 часот, С.И. (38) пријавил дека физички бил нападнат од сопругата М.Л.И. (25), која употребила и нож, во стан во Скопје.
Вчера пак, околу 02 часот, М.Л.И. пријавила дека била физички нападната од С.И., кој употребил и нож во стан во Скопје.
Се работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат денеска од МВР.
За случајот, неколку домашни поратли јавија дека станува збор за новинарот Сашe Ивановски, познат како Политико. Сепак, тој за „Република“ демантираше дека имало било каков напад помеѓу него и сопругата.
Не е точно, немало такво нешто, кратко изјави Ивановски за „Република“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.