Триесет и едногодишно лице од селото Богородица почина за време на лов на планината Кожуф.
Полицијата соопшти дека лицето било погодено од кушум од страна на 53-годишниот Б.Ѓ. од Гевгелија, и починало на местото на настанот.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош од Гевгелија.
Осомничениот бил приведен во полициска станица, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција, информираат од полицијата.
По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.