Едно лице загина во тешкатаа сообраќајна незгода што се случила вчера околу 21.25 часот на магистралниот пат Штип-Кочани, во близина на крстосница за с.Кучичино.

Како што соопшти МВР, во несреќата учествувале патничко возило „фолксваген поло“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од С.З.(71) од Радовиш и патничко возило „форд фокус“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(29) од Штип.

С.З. починал на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, додека Н.Р. се здобил со повреди и бил пренесен во Здравствена установа Кочани.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Кочани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.