Маж загинал на лице место откако со својот автомобил излетатл од патот вчера околу 14 часот на патот Крушеани – Обршани во општина Кривогаштани, кај место викано Бревче.

Како што соопшти МВР, патничко возило „југо“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(67) од с.Бела Црква, општина Кривогаштани, излетало од патот. Притоа, возачот починал на местото на незгодата. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп, а увид на извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.