Едно лице загина, а друго е тешко повредено во несреќата што се случила вчера наутро, околу 09.00 часот, во фабрика во Куманово.
За време на извршување на работни задачи биле повредени Ч.С.(57) и Р.И.(27), и двајцата од Куманово. Ч.С. од здобиените повреди починал, а смрт констатирала екипа од Итната медицинска помош Куманово. Р.И.(27) бил пренесен во Медицински центар Куманово за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.