Вчера околу 11 часот во СВР Штип, од Клиничката болница Штип било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Д.Н. (63) од Крива Паланка.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека изведувал градежни работи за приватна фирма од Скопје на објект на ул. „Лески“ во Штип.
По укажаната лекарска помош лицето било препратено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.