Вчеравечер во 21.35 часот во Полициското одделение Маврово било пријавено дека на регионален пат Маврово-Маврови Анови, на совозачкото седиште во паркирано патничко возило „тојота“, со скопски регистарски ознаки, бил затекнат повреден М.В.(54) од Скопје.
По кажување на возачот на возилото О.Р.(45) од Скопје, додека двајцата, заедно со Н.Д.(29) од с.Маврово, биле на место викано „Тонивода“, атар на с.Галичник, каде пукале во мета, М.В. се повредил од ловна пушка карабин, сопственост на О.Р.
Повредениот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му била констатирана тешка телесна повреда.
За настанот е известен Јавен обвинител, а од полициски службеници од СВР Тетово ловната пушка била подигната за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.