Во тетовска Мала Речица ноќеска две млади лица се повредени на свадба поради пукање од огнено оружје. На свадбената свеченост организирана во дворот од куќата на 47-годишниот Б.Д, на улица „172“ во тетовска Мала Речица, од испукани куршуми од огнено оружје повреди здобиле 27-годишниот А.Б. од Мала Речица и 26-годишниот Ф.А. од Голема Речица, соопшти денес МВР.
Според првичните информации еден од повредените е потешко ранет и однесен на клиниките во Скопје, додека вториот е вон животна опасност и задржан на лекување во тетовската Клиничка болница.
Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.