На 07.02.2020 година во 11:30 часот во СВР Тетово од Ургентниот центар Гостивар, било пријавено дека кај нив бил донесен починат Н.О.(69) од Република Косово.
Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и по извршен разговор со роднини на починатиот утврдено било дека во Маврово, во ходник од хотел, во еден момент на Н.О. му се слошило и паднал.
Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и Полициската станица Гостивар.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.