На 03.07.2019 во 10.40 часот во Полициската станица Пробиштип, вработен во маркет пријавил дека непознат сторител платил артикли во маркетот со банкнота која била фалсификувана, информира МВР.

По преземени мерки, во врска со настанот, во Полициската станица Пробиштип бил приведен С.Т.(56) од Свети Николе. Кај него биле пронајдени и одземени две банкноти кои биле дадени на вештачење. Се работи на расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.