Вчера наутро во 10:40 часот, од полициски службеници од Полициската станица Гевгелија било сопрено патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Џ.А.(46) од Мала Речица-тетовско. При извршениот преглед на возилото пронајдени биле двајца мигранти А.В.(24) и А.Ј.(22), двајцата од Турција.
Возачот и двајцата мигранти биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка. Известен е Јавен обвинител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.