Триесетгодишен вработен во Управата за водење матични книги, во матично подрачје Бутел и Чаир, како помлад референт-матичар, со туѓа кредитна картичка од банка направил 32 трансакции, со тоа што на други странки им земал пари во готово а им кажувал дека тој за нив ќе уплати од неговата картичка.

Во временскиот период од 19.02.2020 до 25.02.2020 пријавениот, пријавениот ја злоупотребил својата службена положба со пречекорување на своите службени овластувања, спротивно на член 5 од Договорот за вработување на начин што ги искористил податоците од туѓа платежна картичка од банка, стекнувајќи се со противправна имотна корист.

Сопственичката на платежната картичка при вадење на извод од матичната книга на венчаните му ја предала платежната картичка на пријавеното лице за да изврши наплата на потребните парични средства.

Платежната картичка останала кај пријавениот и тој направил уште 32 трансакции, по основ на уплата за вадење на изводи од матичните книги на родените, венчаните и умрените од други странки, известувајќи ги дека тој за нив ќе ги уплати паричните средства од неговата платежна картичка, а парите земени во готово од странките ги присвојувал.

Пријавениот е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања и оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.