Обвинителен предлог за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување според член 353 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик поднесе Основното јавно обвинителство Гостивар против 42-годишно службено лице – виш референт – матичар во Подрачна канцеларија Гостивар.
-Искористувајќи ист траен однос и исти прилики, обвинетиот, спротивно на одредбите од Законот за заштита на личните податоци и од Законот за матична евиденција, издал извод од книга на венчани и три изводи од матична книга на родените иако знаел дека лицето на кое ги издава документите не е законски застапник или полномошник на лицата на кои тие документи се однесуваат, информираат од Обвинителството.
Со ова обвинетиот ја искористил својата службена положба и неовластено ги открил и направил достапни личните податоци на лицата содржани во изводите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.