Масовно полициско присуство ги вознемири граѓаните на општина Шуто Оризари. Како што велат граѓаните, објаснувањето што го добиле е дека полициските единици се присутни таму за да контролираат дали се почитуваат мерките за носење маски.
Сепак, како што реагираат граѓаните, таквото објаснување не држи вода затоа што за такво нешто не е неопходно толку масовно полициско присустви. Затоа, голем дел од продавачите на пазарот, како и оние коишто продаваат во центарот на општната од страв ги затвориле своите дуќани и тезги.
Денес општина Шуто Оризари беше окупирана од МВР. Масовното присуство на полицијата-Интервентната полиција како и специјалците силно ги вознемирија граѓаните на оваа општина поточно продавачите на пазарот како и оние кои продаваат во центарот на населбата. Од страна на полицијата беше кажано дека тука се за контрола за тоа дали се почитува мерката за задолжително носење на маски.
Граѓаните од страв ги затворија своите дуќани и тезги се со цел да немаат проблем со полицијата, а од друга страна се прашуваат дали има потреба од толкаво големо присуство на полицијата за проверка дали носат маска.
Сепак, и ако сме сиромашни доволно сме свесни за почитување на мерките затоа покажуваат и бројките колку активни заболени имаме за разлика од другите општини во градот. Никој не верува во кажаното од полицајците зошто денес се присутни во голем број во нашата општина, сите знаат дека намерата им е друга, но брзата реакција на граѓаните им го поремети планот.
Денес Ромите во своја кожа почуствуваа како е де се биде оставени сами, а вие продолжете само и понатаму да удирате таму каде е тенко и слабо, а не и таму кај што треба – реагира на Фејсбук Ерџан Демир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.