Повеќе лица учествувале во физичка пресметка пред влезот во Основниот суд во Струмица.
Од струмичката полиција потврдуваат дека настанот се случил претпладнево околу 10 часот. Од полицијата информираат дека веднаш интервенирале и било спречено натамошно нарушување на јавниот ред и мир.
Физичката пресметка ја потврдија и од Основниот суд во Струмица.
Според портпаролката на судот, Мариета Дуќиќ, инволвираните во тепачката претходно биле на судење, а инцидентот се случил надвор од судската зграда, на тротарот пред влезот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.