Саид Јусуфи од населбата Скопје-Север  има маркет и магацин во близина на економското училиште „Арсени Јовков“ и во два обида крадци успеле да го „олеснат“ за повеќе од пет илјади евра.

Тој за „Независен весник“ објаснува дека за 10 дена крадците двапати му влегле во маркетот и магацинот. Првиот пат украле стока во вредност од 1.700 евра, а вториот пат пред 3 недели од магацинот украле цигари во вредност од 3.500 евра. Според него, целиот случај е снимен со безбедносните камери, но иако го испратил снимениот материјал до полицијата, уште не добил одговор за тоа дали разбојниците се приведени и дали украдената стока ќе му биде вратена.

Фотографиите што ги испрати Јусуфи покажуваат дека крадците се добро подготвени. Тие носат маски за да не можат да се идентификуваат.

Според него, се работи за 10 лица кои многу често крадат од становите во Чаир. Тој е сигурен дека полицијата ги знае крадците, но не презема мерки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.