Марија Брзакова од струмичкото село Бсилово се уште не е пронајдена, а Обвинителството, кое уште од поодамна го презеде случајот, не ја прекинало потрагата. Таа се уште трае.
Во изминатиов период се проширија бројни шпекулации за Марија, што е и лочично за еден вака мистериозен случај. Една од нив беше дека Марија можеби ја напуштила земјава, иако тоа е многу тешко веројатно, бидејќи како што кажаа нејзините најблиски, таа кога заминала, кај себе немала лични документи.
Од струмичкото јавно обвинителство велат дека истрагата е во тек, а потврдуваат и дека се испитувала евентуална кривична одговорност кај нејзини блиски во семејството. Од она што досега се искристализирало, Марија сигурно не ја напуштила земјава, велат за Фактор од обвинителството.
Во врска со исчезнувањето на лицето за кое покажувате интерес, Основното јавно обвинителство Струмица оформи предмет и во рамките на предистражна постапка презеде повеќе дејствија – прибавени се видео снимки од безбедносните камери на повеќе приватни и деловни објекти во Босилово, испитани се семејството, роднините, повеќе граѓани кои имале контакти со семејството на исчезнатата, како и лица за кои надлежниот обвинител сметаше дека би можеле да имаат сознанија за настанот. Дополнително, во насока на испитување на евентуална кривична одговорност, беше извршен претрес во домот на исчезнатото лице и беа издадени наредби за вештачење на мобилни телефони во сопственост на исчезнатата и на нејзини блиски лица. Од страна на правосудната полиција, во соработка со ловни друштва и граѓани беше организирана потрага по исчезнатата, но таа потрага не даде резултати“, велат за Фактор од струмичкото јавно обвинителство. – стои во објавата на ФАКТОР.
Оттаму уште потенцираат дека од добиените податоци од сите гранични премини и од двата аеродроми во земјава, било утврдено дека исчезнатата не ја напуштила државата.
„Основното јавно обвинителство Струмица продолжува со преземање дејствија во насока на расветлување на случајот“, велат од обвинителството.
Пред околу три месеци Министерството за внатрешни работи ја стави Марија Брзакова на списокот на исчезнати лица.
Марија Брзакова од Босилово, која е родена во 1991 година, исчезна на 18 јануари, и оттогаш и се губи секаква трага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.