Ноќва во 01.05 часот на Банишко поле, во близина на граничната линија со Република Албанија, во атар на село Аме, дебарско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Блато“ , Регионален центар Запад пронашле 10 поголеми најлонски пакувања со марихуана, соопшти МВР.

(фото: МВР)

Извршен бил увид и било констатирано дека во пакувањата има марихуана со вкупна тежина од околу 200 килограми со вредност од над 500.000 евра.

(фото: МВР)

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.