Тројца малолетници се повредени, од кои двајца тешко во несреќата што се случила вчера во 19.50 часот во с.Г.Агларци, општина Новаци.
Како што соопшти МВР, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „ванге-50“ со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Г.Агларци и мотоцикл „шинрај-150“ без регистарски ознаки, управувано од малолетник од с.Г.Агларци.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и малолетна сопатничка од мотоциклот „шинрај-150“, а со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.