Малолетник, кој управувал со автомобил, е тешко повреден во железничка несреќа утрово кај Велес.

Како што соопшти МВР, околу 06.40 часот на патниот премин кој се наоѓа кај влезот на фабриката за порцелан во Велес, товарниот воз кој сообраќа на линијата Велес – Прилеп удрил во патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(16) од с.Согле, општина Чашка.

Возачот на возилото со тешки телесни повреди е пренесен во болницата во Велес.

Извршен е увид на местото на настанот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.