Малолетник е тешко повреден откако вчера околу 23 часот со возилото излетал од регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод.

Како што сопшти МВР, 16-годишник од с.Дебреште, управувајќи патничко моторно возило „опел зафира“ без регистарски ознаки излетал надвор од коловозот.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.