На 27.04.2019 година во 14:30 часот било пријавено дека во Штип на булеварот „ЈНА“ се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Јамаха ФЗ-6“ управуван од 17-годишно лице од Штип и патничко моторно возило “БМВ Х-3“ со штипски регистерски таблици управувано од А.К.(27) од Штип.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобила А.К., констатирани од страна на лекар од Клиничката болница во Штип.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.