На 27.06.2021 во 13.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од бул.„Октомвриска револуција“ и ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово, мотоцикл „педа“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Куманово, удрил во пешакот Ж.С.(46) и уште еден малолетен пешак, двајцата од Куманово, информира МВР.
Во незгодата Ж.С. се здобила со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.