Едно лице е тешко повредено во сообраќајната незгода што се вчера околу 18.15 часот се случила на крстосница од улиците „Филип Втори Македонски“, „Ило Џокановски“ и „Цане Василев“ во Битола.

Како што соопшти МВР, мопед со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник, удрил во велосипедист М.Р.(73), двајцата од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.Р., констатирани во Клиничката болница Битола.

Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.