Малолетник од Свети Николе се здобил со тешки телесни повреди ноќеска откако паднал од мопед на коловозот на локалниот пат Свети Николе – село Кнежје.

На 1 август 2021 во 00:45 часот било пријавено дека на локалниот пат Свети Николе – село Кнежје, мопед „априлија“, без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Свети Николе, паднал на коловозот – информираат од МВР.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Штип.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.