Полициски службеници вчера привеле еден осумнаесетгодишник и двајца малолетници на возраст од 17 и 16 години, во присуство на нивните родители, поради основано сомнение дека во средата вечер околу 22.00 часот извршиле насилство врз малолетник, кој бил нивни цимер. Оваа информација за МИА ја потврдија од МВР.

Случајот во Полициската станица Кавадарци вчера во 19:30 часот го пријавил таткото на малолетникот.

Од Државниот инспекторат за образование рекоа за МИА дека и тие ќе го истражат случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.