Малолетник нападнал 83-годишна кавадарчанка и и одзел пари, за ова денеска информираше портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Вчера во ОВР Кавадарци, С.П.(83) пријавила дека околу 08.10 часот во нејзиниот двор физички била нападната од еден малолетник, кој и одзел пари. По преземени мерки, малолетникот бил пронајден и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, појасни Додевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.