На 26.08.2021, полициски службеници од Полициската станица Центар привеле малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 237 од Кривичниот законик. Околу 12.30 часот кај Зелено пазарче тој физички ја нападнал Ј.С.(79) од Скопје и ѝ одзел пари. Набргу потоа, тој бил пронајден и приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.