Малолетник од Штип е приведен и спроведен во казнено-поправен дом поради извршени 12 кривични дела.

На 30.11.2020 од страна на полициски службеници од Полициската станица Штип по судска наредба и решение од Основен суд Штип, приведен е 17-годишник, поради сомнение дека е сторител на 12 кривични дела извршени на подрачјето на Штип, од кои едно „разбојништво“, една „тешка кражба на дрзок начин“, осум кривични дела „тешка кражба“ и две кривични дела „кражба“ – информираат од МВР.

Полициски службеници, со претставник од Центарот за социјална работа, извршиле спровод на малолетниот сторител во Воспитно поправниот дом Тетово. Се работи на расветлување и на други кривични дела за кои се сомничи 17-годишниот малолетник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.