Сопственици на викенд куќи во Лазрополе се жалат дека малолетници за кои полицијата е информирана сечат гуми на автомобили и крадат дрва за огрев од шупите на куќите.

Се случи инцидент од “непознат сторител”, кој среде ноќ упадна во нашиот двор и без посебна причина одлучи со нож да ги пресече гумите на возилата на нашите гости.Така,престојот на нашите гости стана драматичен,а нашиот престој во Лазарополе-неспокоен.Се прашувам дали вредеше овој неумесен чин на насилство,за оној кој внесе немир,лутина и револт кај нас,а остави лош впечаток и слика кај нашите пријатели?И што се случи со нашето мирно Лазарополе,во кое ние сите се чувствувавме безбедни,наоѓајки го својот духовен мир и спокојство?, сведочат викендашите.

Случајот е пријавен во полиција од каде според локалното население знаат кои се насилниците и дека се работи за малолетници. Оправданието на оние кои реагирале дека поведението на малолетниците треба да се санкционира, нивните роднини одговарале па деца се тоа.

Целиот текст на Досие.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.