Малолетник од с. Арнакија вчера пријавил во полиција дека околу 19.30 часот додека со другари се возел во автобус на ЈСП бр.56 кој сообраќал на линија од Транспортен центар до с.Бојане, бил физички нападнат.
Нападот се случил во близина на автобуската постојка во Влае, а малолетниците, според пријавата, биле физички нападнати од неколку лица од с. Грчец кои му нанеле телесни повреди.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.