Во забавниот парк пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“, помеѓу булевар „8-ми Септември“ и булевар „Илинден“, четири непознати лица извршиле разбојништво врз 17-годишник од Германија и 13-годишник од Скопје. Според информациите од МВР настанот се случил вчера, а бил пријавен во СВР СКопје пет минути после 19 часот.
Според пријавеното, сторителите со закана им одзеле два мобилни телефони.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.