Малолетничка заврши со изгореници од пиротехнички средства, а група малолетни лица вчера кршеле автомобили и фрлале бекатон плочки за време на прославата на плоштадот „Македонија“ за победата на ракометниот клуб Вардар. Според МВР, оштетено било возило марка ауди А3 со скопски регистарски ознаки, кое се наоѓало на булеварот Гоце Делчев, како и полициско возило пред Собранието.
Групата малолетници фрлале кон автомобилот со бекатон плочки, а во инцидентот повреди на левата рака добил Ф.М. Од Единицата за прв одговор при МВР „Алфа” биле приведени петмина малолетници на возраст од 14 до 17 години. Сите приведени, според информациите од полицијата се од Скопје.
Освен овој автомобил, оштетено било и службено возило Шевролет спарк, сопственост на МВР. Со изгореници во пределот на нозете се здобила и седумнаесет годишната Т.П. од Скопје, која настрадала од пиротехнички средства.
За нарушување на јавниот ред и мир пред Собранието приведен е и скопјанецот Ж.М (36).
Ракометарите на Вардар го добија пехарот од Лигата на шампионите по една исклучително тешка сезона, го победија Веспрем со 27:24 и станаа европски шампиони. Вчера се славеше низ улиците на Скопје, а за вечерва е најавен пречек на ракометарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.