Девојка е тешко повредена во несреќата што се случила вчера во 11.00 часот на локален пат од с.Добрејци кон с.Пиперево, струмичко, поточно на мост на река Струмица.

Како што соопшти МВР, патничко возило „лада“, без регистарски ознаки, управувано од 17–годишна малолетничка, изгубило контрола и излетало од коловозот во р.Струмица.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Медицински центар Струмица, каде што била пренесена за укажување лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициска станица Струмица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.