На 08.07.2021 во 19.20 чaсот на крстосницата од ул.„1“ и ул.„5“ во с.Љубин, скопско, патничко возио „даеву“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(22) од с.Љубин, удрило во велосипед управуван од малолетничка од с.Сарај, скопско, велат од полицијата.
Во незгодата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.