Во полициската станица на Попова Шапка малолетничка пријавила сексуално вознемирување од страна на малолетник. Според пријавата, настанот се случил во неделата околу 13 часот на Попова Шапка.

Во 13.40 часот во СВР Тетово, малолетничка од Охрид пријавила дека околу 13.00 часот во центарот на Попова Шапка еден малолетник ја допирал по телото. За настанот бил известен јавен обвинител, информира СВР Тетово.

Полицијата и ообвинителството ќе преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.