Педесет и петгодишна жена вторпат во рок од само една недела е физички нападната од својот сопруг. Таа во полицијата пријавила дека вчера доцна попладне во семејниот дом во Штип по претходна вербална расправија, била физички нападната од страна на нејзиниот сопруг К.Б. Жената со повреди завршила во болницата во Штип.
Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова вели дека по комплетирање на случајот против лицето К.Б. ќе биде поднесена кривична пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.