Во Северна Италија на автопатот А13, на делот меѓу Алдедо-Малбербего, македонски камионџија се превртел со возилото и завршил во болница откако излетал од автопат. Но, не само што се превтрел, туку полицијата во неговиот камион пронашла шверцувани цигари вредни над 200 илјади евра.
Камионот од непозната причина ја пробил банкината и излетал од коловозот. Возилото со приколката се превртело, а возачот Б.М.(57) бил тешко повреден и пренесен во болницата во Ровиго. Откако го извлекле возачот, полицајците го прегледале товарот расфрлан околу камионот. Во купот расфрлени огревни дрва имало картонски кутии, иако, според документите, камионот превезувал само дрва.
Полицијата утврила дека во камионот имало 250 штеки цигари во товарот и уште 213 расфрлани по асфалтот, сите од марката „Реџина“ која не се дистрибуира во Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.