Српската полиција во Белград уапси 54-годишен државјанин на Македонија, во чиј автомобил биле пронајдени над четири килограми хероин.

Тој бил приведен заедно со украински државјанин, со кого се наоѓале во возило ауди А-6 со романски регистерски таблички.

Како што соопштува српското МВР, дрогата била пронајдена во внатрешниот дел од алуминумските фелни на автомобилот.

На осомничените им е одреден притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изведени пред вишо јавно обвинителство во Белград.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.