Македонски државјанин е уапсен вчера наутро на аеродромот во Дортмунд и веднаш приведен во истражен затвор поради истржување на казна од 2 години и 8 месеци, за два поединечни случаи во 2013 и 2014 година.

Не е познато зошто 39-годишното лице не заминало да ја исдржи казната, поради возење под дејство на алкохол во 2013 година. Подоцна во 2014 година имал уште еден обвинителен акт поради кражба, а за овие две казни требало да мине во затвор.

Веднаш беше приведен и однесен во затвор на одлежување на казната, изјавиле од Федералната полиција.

(Извор – ТВ21)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.