Полициски службеници вчера ги привеле Џ.Х.(27) од Скопје и Е.Ш.(47) од Косово, оомничени за кражба во продажен објект во Чаир, соопшти МВР.

Одземените предмети биле пронајдени кај нив и биле вратени на сопственикот. За двајцата постои сомнение дека и претходно неколку пати во истиот продажен објект одземале разни предмети. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Е.Ш., на која и била истечена дозволата за престој, односно личната карта за странец, била предадена на службени лица од Секторот за странци при Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност за понатамошна постапка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.