Окружното обвинителство во Хасково поднесе обвинение против државјанин на Турција и на Македонија за шверц на златен и сребрен накит вреден 226.902 лева преку граничниот премин Капитан Андреево, соопшти прес-службата на државното обвинителство.

Случајот е од 29 октомври со автобус што сообраќал од Турција преку Бугарија до Македонија. Во автобусот цариниците пронашле 26 пакувања накит со вкупна тежина од 4,147 кг.

Шверцуваниот златен и сребрен накит е запленет, а против возачот на автобусот А.Б. (50) е поднесена кривична пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.