Косовската полиција соопшти дека уапсила државјанин на Македонија, затоа што при влез во земјата на граничниот премин во Генерал Јанковиќ приложил фалсификуван тест за ковид-19.

Откако бил приведен, осомничениот изјавил дека документот го купил од непознато лице на улица во една од скопските населби.

Настанот се случил завчера, 14 септември, во 14.50 часот.

Уапсено е осомничено лице, маж, Албанец, државјанин на Македонија, затоа што при преглед на документите истиот приложил тест за ковид-19, за кој постои сомневање дека е фалсификуван. При испитувањето осомничениот изјави дека документот го купил на улица во една скопска населба од непознато лице. Со одлука на надлежен обвинител, осомничениот е ослободен во редовна процедура, се вели во денешниот билтен на косовското МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.